(Фото) Ванеса се потсети на моментите кога се вљубила во Коби Брајант

Вдовицата на покојната кошаркарска ѕвезда Коби Брајант, 38-годишната Ванеса се потсети на моментите кога се запознала и заљубила во својот сопруг.

Таа и понатаму вели дека секојдневно се бори со големата тага и болка која е предизвикана од прераната смрт на познатата НБА-ѕвезда и нивната 13-годишна ќерка Џиана.

Двајцата загинаа во јануари годинава во хеликоптерска несреќа. Ванеса вели дека иако раните никогаш нема во целост да ѝ закрепнат, сепак 1 помагаат спомените од нејзиниот сакан сопруг и ќерката и дека тие секогаш се присутни во неа.

Ванеса на „Инстаграм“ објави фотографија настанала во „Дизниленд“, каде се запознале, а на која таа и сопругот позираат насмеани и прегрнати.

„Љубов на прв поглед. 21.11.99“, порачала Ванеса, која оваа година 21-годишнината од запознавањето со Коби ја прослави сама.

Колку двојката била заљубена еден во друг, докажува и тоа што двајцата се венчаа само шест месеци откако се запознаа. Пред година дена, два месеца пред трагичната смрт на Коби и тој ја објави пост во чест на нивното запознавање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kobe Bryant (@kobebryant)

„На денешен ден пред 20 години ја запознав мојата најдобра пријателка, мојата кралица Ванеса. Одлучив да ја однесам на состанок во Дизниленд, за да прославиме. Те сакам, моја засекогаш“, порача Коби со фотографијата направена во „Дизниленд“.

За потсетување, Ванеса оваа година во неколку наврати јавно покажа колку тешко се носи со загубата на својата најголема љубов. Како што самата вели, најтешко ѝ паѓаат моментите кога треба да се прослават родендени, годишнини и слично.

„Можеби звучи себично, но јас отсекогаш мислев дека ќе заминам прва. Секогаш размислував така. Не сакав да ја почувствувам оваа болка во срцето“, изјавила Ванеса пред четири месеци, на 42. роденден на Коби.

Scroll to Top