Пејачката и професот по виолина, Андријана Јаневска е македонскиот претставник во проектот „Заедно е убаво“, светски проект во кој учествуваат музичари од целиот свет. Таа веста ја објави на социјалните мрежи и го сподели видеото од песната што ја отсвиреја музичарите.
„Чест ми е да ви соопштам дека денес, на 4 декември 2020 година, светот ќе биде обединет преку композиција и документарен филм во кои учествуваат музичари од сите 197 земји во светот. Претставена сум како виолинист од Македонија и пресреќна сум што имав можност да соработувам со врвни музичари од целиот свет, меѓу кои и авторот на композицијата, Џорџ Фентон. Издавачи се ‘Универзал мјузик’ и ‘Меркјури студиос’,“ напиша Андријана.
Таа неодамна беше и претставник на Македонија во проектот за Гинис, насловен One Human.