Федерер нема да игра на „Австралија опен“

Некогаш најдобриот тенисер на светот Роџер Федерер откри дека мали се шансите да игра на „Австралија опен“ и дка закрепнувањето по операцијата на коленото не се одвива според планот.

„Би сакал да играм во Австралија, но тоа ќе биде многу тешко, со моето колено. Се надевав дека ќе бидам 100% фит до октомври, но, за жал, тоа не се случи. Не сакам да преземам следни чекори, додека не бидам подготвен“, изјавил Федерер.

Швајцарецот паузираше речиси цела година, откако направи две операции на коленото во февруари и јуни. Тој во Швајарија е избран за најдобар спортист во изминатите 70 години, заедно со Врени Шнајдер.

Федерер вели дека има желба да се врати на теренот во 2021 година, но ако неговата кариера заврши сега, тој ќе биде задоволен што успеал да ја освои оваа награда.

 

Scroll to Top