Македонскиот изведувач и уметник Павле Камилоски вчеравечер имаше настап во зградата барок на ВМРО-ДПМНЕ. Поводот е промоцијата на неговата прва авторска песна „Такт по такт“ и на неа имало мал број присутни, а Павле одржа мини концерт.
Биле почитувани сите мерки за заштита од коронавирусот и присутните носеле маски. Тој отпеа дел од песните со кои вообичаено настапува. Првата песна на Камиловски е на Робин Зимбаков и Алек Русјаков, а продуцент е Роберт Билбилов. Во спотот се појавува и манекенката Маја Сашек.