Свадба со плишани мечиња наместо младенци: скопски ресторан внесе малку хумор во ова тмурно време

Свадба со плишани мечиња затоа што нема младенци е една супер идеја на скопскиот ресторан „Аликас“, кој во ова време на корона реши со малку хумор да го освежи тмурното секојдневие. „Затоа направивме фотосесија со овие прекрасни мечиња за да ве потсетиме на времињата кога сите заедно ги прославувавме вашите најсреќни моменти“.

„Иако цела година ни е празна салата, денес решивме да ја наполниме и да ги стоплиме срцата. Сакавме да испратиме апел за младенците дека остана уште малку време пред повторно да се гушкаат со своите најмили“, велат од ресторанот „Аликас“. Оваа идеја е загревање пред свадбите што допрва доаѓаат.

 

 

Scroll to Top