Том Круз во врска со 20 години помлада колешка

Том Круз е во врска со 20 години помладата колешка Хејли Атвел, актерката со која го снима филмот „Невозможна мисија 7“. Том веќе некое време се гледа со Атвел, со која во моментов секојдневно има снимање.

Извори блиски до двајцата велат дека од првиот ден кога почнало снимањето, двајцата се неразделни. Том од разводот со Кејти Холмс, кој се случи во 2012 година, досега не бил виден со друга партнерка во јавноста.

 

Хејли од друга страна, од неодамна ја раскина врската која ја имала од почетокот на оваа година.

„Големиот број проблеми околу ковидот, но и карантинот ги зближи дополнително, па сега се нераздвојни. Се гледаат и по снимањето, а Хејли беше во станот на Том во Лондон. Сјајно се согласуваат и двајцата се пресреќни“, вели колега од снимањето за „Дејли мејл“.

Снимањето на филмот е главна тема во светските медиуми. За потсетување, актерот и продуцент Том Круз неодамна на снимањето на својот нов филм им викал на членовите на екипата и им се заканил со откази, поради пропустите со ковид-протоколите за време на снимањето.

„Сан“ ја пренесе аудиоснимката што настанала за време на викањето. Некои од англиските медиуми пренесоа дека петмина веќе си поднеле отказ од работното место.

 

Scroll to Top