Популарната холивудска двојка, Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли го чекаат четвртото дете, пишуваат американските таблоиди. Откако минатиот август го добија третото дете, чие име сè уште го немаат потврдено, сега таблоидите шпекулираат дека идната година ќе го добијат и четвртото.
Анонимен извор близок до двојката потврдил дека Рајан и Блејк се многу среќни што наредната година ќе станат родители по четврти пат. Рајан досега неколку пати јавно има изјавено дека сака повторно да стане татко, додека Блејк изјавила дека има желба да роди многу деца.
„Блејк има желба да има уште едно дете. Обожава да биде бремена, а Рајан сè уште се шегува дека сака да добие уште една ќерка, за да го доврши племето Амазонки“, изјавил споменатиот извор.