(Фото) Карлеуша го дотера Душко во фенси-облека и го испрати со ќерките во Дубаи

Фудбалерот Душко Тошиќ замина со ќерките на одмор во Дубаи. Тој беше снимен на аеродромот со Атина и Ника, но без Јелена Карлеуша, која останала дома поради деловни обврски.

Српските медиумите пренесуваат дека тројцата ќе престојуваат во еден од најскапите хотели во Дубаи, Jumeirah Beach Hotel, каде што едно ноќевање чини повеќе од 1.000 долари. Во истиот овој хотел Душко и Карлеуша со ќерките престојуваа и пред две години.

Фановите на социјалните мрежи коментираат дека Тошиќ најмногу привлекол внимание со својот изглед, но и дека Карлеуша е таа што ги диктира модните трендови во Србија. На „Инстаграм“ пишуваат дека таа му ја избира облеката, па така и сега се погрижила за стилот на Душко и ќерките пред да ги испрати за Дубаи.

 

 

 

Scroll to Top