Хороскоп за 24 декември: Овенот ќе слушне важна вест, Лавот да биде трпелив

ОВЕН
Ќе добиете вест што ќе биде патоказ. Свесни сте дека таа информација ќе ви укаже каде да одите понатаму, но не ви е јасно која е крајната цел. Прифатете ги предизвиците, а препуштете времето да ви ги донесе одговорите на сите прашања што ве мачат.

БИК
Имате можност да работите поинтензивно на проектите што веќе долго се обидувате да ги завршите. Тоа подразбира дека некое време ќе морате да работите две работи одеднаш. Малку труд на долги патеки ќе ви донесе голем успех.

БЛИЗНАЦИ
Не ви е јасно како сте успеале да ја пропуштите понудата која неодамна ви се испушти. На таа тема ве очекува разговор во кој нема да ви биде пријатно. Ако е подготвено поднесете критика и понудите лично оправдување, шансата не е изгубена.

РАК
Принудени сте часовите да ги поминете во кругот на луѓе што не ви укажуваат почит, која мислите дека ја заслужувате. Нивното игнорирање не е злонамерно, се работи за личности чии интереси немаат допир со вашите, па така не сте интересни ниту да ве проценуваат.

ЛАВ
Сведете ги својата нетрпеливост и импулсивноста на минимум за да избегнете поголеми неволји. Си давате слобода на себеси да положувате право на заслуги што не сте ги заработиле. Време е да пронајдете убавина во откажувањето и давањето макар и симболично да подарите ситници.

ДЕВИЦА
Околу вас се генерира негативна енегија што сте ја почнале. Ви се чини дека опкружувањето ве исцрпува, а вие го занемарувате тоа дека и го оптоварувате со своето досадување. Не заборавајте дека она што стигнува до вас е еднакво на она што го давате.

ВАГА
Вклучете ги соработниците и направете план за колективна работа. Успехот е возможен единствено на таков начин. Вашата заедничка работа ја извршувате со големо задоволство, така што успехот е извесен. Внимавајте на финансиите, ве очекува непланиран трошок.

ШКОРПИЈА
Си земате за себе малку слободно време, но не се организирате на вистинскиот начин. Пасивноста би можела да му ги наполни батериите на некој друг, но тоа за вас може да биде извор на голема тензија која ако не ја исфрлите од себеси, се заканува да прерасне во агресија.

СТРЕЛЕЦ
Вашиот однос кон обврските не е на највисоко ниво. Соработниците ве покриваат, но тоа нема да трае вечно. Променете го ставот, извршувајте ја работата на поодговорен начин и без вишок приказни затоа што вашата шеговитост може да има негативни последици.

ЈАРЕЦ
Фантазирате, сестрани сте и полни со идеи, па има големи шанси тоа да го претворите во добар профит. Меѓутоа, за да остварите некои поголеми цели, морате нешто да жртвувате, а тоа најверојатно е нешто поврзано за вашиот приватен и љубовен живот.

ВОДОЛИЈА
Се обидувате во својата работа да внесете иновации за кои долго размислувате. Чекате поволен миг предлогот за тоа да им го предложите на луѓето што се одговорни за тоа. Не смеете предолго да чекате, преземете иницијатива и најавете разговор.

РИБИ
Љубовниот живот ви е во центарот на вниманието. Вашиот партнер бил долго во сенка и ги трпел вашите професионални залагања и проблеми што доаѓале со тоа. Време е да му надоместите, особено на крајот на денот кога ќе му биде потребна вашата утеха.

Scroll to Top