Пејачката Рита Ора е заглавена во Бугарија и можеби ќе остане таму за време на Божик. Сите летови од земјата се прекинати до 31 јануари по објавата за случаите на новиот коронавирус во Велика Британија.
30-годишната пејачка неодамна се соочи со гневот на јавноста и голем дел од обожавателите, кои ѝ свртеа грб кога ги прекрши здравствените протоколи поканувајќи 30 луѓе на својата роденденска забава во Лондон за што ѝ беше изречена казна од 10.000 фунти.
Ѕвездата пристигнала во Бугарија за снимање нов видеоспот со надеж дека ќе го оттргне вниманието на британската јавност, па решила снимањето на спотот да го премести во Бугарија надевајќи се дека таму нема да привлече големо внимание – но, неуспешно.
Се чини дека Рита Ора изминатиов период постојано има проблеми со властите. Таа исто така ги игнорира регулативите за изолација по враќањето од нејзиното патување во Египет, па мораше повторно јавно да се извини за своите постапки.