Популарната пејачка Ријана се отвори во јавноста и проговори за своите недостатоци и мани за кои смета дека ги има. Откри дека сака да јаде брза храна, но вели дека внимава на линијата. Обожава да јаде и тестенини со сирење, пити и да пие многу рум.
„Нема да си дозволам да си скратам од некои од уживањата што можам да си ги дозволам. Ако сакам да изедам чизбургер, ќе изедам, но и ќе вежбам четирипати неделно. Важно е да се чувствувам здраво“, изјавила 32-годишната пејачката за магазинот Closer.
Ријана вели дека прифаќањето на своите мани е патот да се засакате себеси.
„Да се чувствувате удобно во својата кожа е еден вид патување. Сите мораме да научиме да се сакаме себеси. Ако навистина размислуваме за тоа, сигурна сум дека можеме да ги пронајдеме недостатоците во нашето тело, а кога навистина ќе се научиме да се сакаме, на крајот ќе ги прифатиме и нашите мани“, изјавила Ријана.
Таа вели дека периодов ги подготвува своите омилени рецепти од родниот Барбадос, каде што со семејството ќе го помине Божик. Таа вели дека има цел нејзината музика и бренд во наредната година да ги подигне на уште едно повисоко ниво.