Градоначалник ги изгубил изборите иако бил единствен кандидат

Италијанецот Примијано ди Мауро од партијата Лига не успеа да стане градоначалник во градот Лезина иако бил единствeниот кандидат на листата.

Маура не стана градоначалник на Лезина, град со 6,000 жители, затоа што не излегле повеќе од 50 % од избирачите. Апстиненцијата била фаворизирана од две групи локални политичари.

Градот сега ќе го раководат комесари. Поразот без противкандидат стана хит на социјалните мрежи, а многумина ги исмеваат Мауро и неговата партија затоа што треба да ги вратат парите што ги зеле.

 

Scroll to Top