Леон Кирби Булнер е од Велика Британија. Ова 4-годишно момче има аутизам и проблем во комуникацијата со околината. Но, неговите родители велат дека ситуацијата почнала да се менува благодарение на кучето Ферн, тригодишен кокер шпаниел.
Леон станал најдобар пријател со своето куче.
Неговата мајка Хејли за нивното пријателство вели: „За жал нашиот Леон е заклучен во некој свој свет, но Ферн му помогна многу, тоа беше љубов на прв поглед. Тие брзо станаа неразделни. Првите интеракции на Леон не беа со луѓе, туку со Ферн. Тој со него доби искра во очите која не сме ја виделе претходно. Вистински љубител на животните е, Ферн го опушта.“ Семејството го чува Ферн неколку години и Леон расте покрај него и се неразделни.
View this post on Instagram