94-годишен дедо се jaвил во полициja да мy пpaтат некoj за да наздpaви на Божиќ

94-годишниот Фиоренцо од Италија повикал полициja на Божиќ за да не биде сам. Тој живее во Вергато, близу Болоња, а за Божиќ бил осамен, па се јавил во полицијата да праша дали некој од карабинерите е слободен за да дојде и наздрави со него.

Според италијанскиот весник La Repubblica, во телефонскиот разговор тој рекол:

„Сам сум дома, не ми е ништо, само барам некој да наздравам на Божиќ. Доколку имате слободен некој полицаец да дојде барем на 10 минути“.

Двајца полицајци потоа отишле во неговиот дом, а дедото им раскажал анегдоти од неговиот долг и интересен живот. Полицајците поразговарале со него и наздравиле, а потоа му овозможиле да поразговара со некои од неговите роднини онлајн.

Следниот ден полицајците пак дошле во неговиот дом и му ја донеле заедничката фотографија за спомен. Старецот рекол дека бил длабоко трогнат од однесувањето на службениците.

 

Scroll to Top