Панчо и Андреј ги израдуваа децата од СОС Детско село и Детската клиника Козле

Панчо и Андреј од ДНК им донесоа новогодишни пакетчиња на децата од СОС Детското село и Детската клинка Козле.  Тие им подарија пакетчиња по повод прославата за 18 години постоење на сцената, но и за да ги израдуваат пред празниците.
„Дечки, како што ви ветивме  со вашите донирани средства за купените ‘карти’ за нашиот виртуелен концерт, дониравме 160 пакетчиња во детскиот клинички центар, детската клиника Козле и СОС Детско село. Со оглед на околностите бевме спречени да се подружиме со дечињата, но ветивме дека ќе се вратиме на дружба и музика во некои подобри времиња. ПС – Сликите од концертот ќе видите утре“, напишаа Андреј и Панчо.
Scroll to Top