Силниот земјотрес кој се случи во Хрватска направи расцеп во земјата, која се отвори во селата Палањек и Тишина. Медиумите во Хрватска пренесоа дека земјотресот со јачина од 6.2 степени по Рихтер, предизвика паника кај жителите во Сисачко-мославачката жупанија.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од местото каде земјата се отворила.
„Овие расцепи во земјата во Палањка се загрижувачки. Од едната страна низ целото село земјата е пропадната, а на другата страната од улицата низ целото село таа е отворена и излегува кал и вода“, напишала една жена.
Овој фенмен се случува како реакција на менувањето на напонот помеќу честичките земја и настанува поради покачениот притисок предизвикан од земјотресите.
Оваа појава одамна е позната, особено нејзиното негативно дејство, кога земјата ја губи нејзината поткрепа. Во 1964 година по земјотресите во Никати, Јапонија и Алјаска е забележано нејзиното разорно дејство од страна на сеизмолозите и градежните инженери.