Папата Франциск нема да ја предводи новогодишната миса

Папата Франциск нема да ги води богослужбите по повод Новата година поради болки во грбот и десната нога, соопштија од Ватикан. Ова е првпат папата, кој месецов наполни 84 години, да не присуствува на богослужбата.

Службата ќе ја води кардинал Џовани Батиста Ре, а во петок државниот секретар, кардинал Пјетро Паролин.

Папата ќе ја предводи пладневната миса на 1 јануари, како што беше планирано.

Scroll to Top