Премиерот Зоран Заев, заедно со минситерот за здравство Венко Филипче и нивните синови Иво и Душко, викендов се дружеа и возеа мотори на Беласица. Венко за новогодишната ноќ беше во операциона сала, каде оперираше пациент, а денешниот ден му го посвети на синот.
„Времето кое го поминуваме со децата е најважно. Работните обврски си го прават своето, но секогаш се трудиме и наоѓаме време за нашите синови Иво и Душко. Денеска денот е за дружење со децата. Бесценети мигови со нив, на убавата Беласица“, напиша Филипче.
Премиерот кој е познат моторџија, претходно возеше мотор и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, а на социјалните мрежи, постојано добива куп пофални коментари дека е добар моторџија.