Најстарата жена на светот го прослави 118. роденден

Најстарата личност на светот, Јапонката Кане Танака, денеска го прослави 118. роденден. Танака е родена на 2. јануари 1903 година и според Гинесовата книга на рекорди, таа е најстарата личност на Земјата.

Таа роденденот го прослави во домот за стари лица во Фокуоки во Јапонија. Роденденот го прославила весело, а на новинарите им кажала дека планира да живее барем до 120. роденден.

Таа е во одлична состојба. Вежба секој ден, јаде три пати дневно, а во моментов единствено за што жали, е тоа што не може да си ги види најмилите за роденденот, поради мерките за сизбивање на коронавирусот.

 

Scroll to Top