Младата глумица Драгана Левенска се појави во една од новите епизоди на серијата „Преспав“. Таа сними неколку сцени со главните актери и ем со глумата, ем со градите, за брзо ги освои и Коста, но и гледачите.
Драгана има завршено на Факултетот за радио-визуелни уметности ЕСРА, а на публиката ѝ е позната од театарот, каде има играно во голем број театарски претстави и во неколку краткометражни филмови.
Во хит-серијата, во која повторно игра цела постава актери, се врати и актерот Владо Јовановски, кој прв го играше Миле Бузалевски. Потоа него го замени Игор Џамбазов. Актерката Наташа Петровиќ, која игра масерка, е новиот лик во пансионот. А тука е и Тања Кочовска, која во ликот на Стојне е бившата жена на Миле Бузалевски.