Поранешната членка на групата „Спајс Грлс“, 46. годишната модна дизајнерка Викторија Бекам, заедно со нејзиниот сопруг Дејвид Бекам и децата за божиќните празници заминаа за Мајами. Тие го избегнаа таканаречениот британски локдаун.
Целото семејство замина со приватен авион на Божиќ за да ги избегнат новите уште построги правила за ограничување на патувањата надвор од земјата, кои ги донесе британскиот премиер Борис Џонсон со цел да го намали ширењето на заразата со коронавирус.
Семејството Бекам имале негативен тест пред полетувањето. Бекам и Викторија, заедно со нивните деца, Бруклин (21), Ромео (18), Круз (15) и Харпер (9), во Мајами ѝ се приклучија на Никол Пелц, свршеницата на најстариот син.
Според пишувањата на „Сан“, семејството нема да се врати во Велика Британија, до крајот на следниот месец. Извори блиски до Бекам, им одговорија на критичарите дека тие заминале затоа што поранешниот фудбалер имал работа околу неговиот клуб во американската лига.
„Дејвид и Викторија го планираа ова патување со месеци“, изјавиле изворите блиски до семејството, одговарајќи на критиките дека Бекамови не требало да го напуштат островото во овој момент, кога на големо се шири пандемијата со коронавирусот.
View this post on Instagram
„Дејвид требаше да биде во Мајами во јануари, поради клубот. Почна МЛС предсезоната и тој помага околу регрутирањето на новите играчи“, вели изворот.
Тој вели дека тие ќе останат подолго време таму. Нивните деца ќе учат преку интернет, затоа што школите нема да бидат отворени во наредниот период. Американските медиуми пренесуваат дека семејството Бекам ќе престојува во вилата на милијардерот Пелт, таткото на Никол.
Ако се одлучат предвреме да се вратат во Велика Британија, сите ќе мора да бидат пет дена во изолација, ако добијат негативен тест на Ковид 19.