Во Божиќен скеч кој е и комичен и трагично реален, актерката од „Саботна вечер во живо“, Кристен Виг, покажа колку може да биде магично божиќното утро за сите, освен за мајката.
Во видеото семејството се буди на Божиќ, среќно го започнува празникот со песна. Синот, кој го игра Кајл Муни, доби пиштол, рацете на „Хулк“, телескоп и сет тапани. Ќерката, која ја игра Клои Фајнмен, добива капа, телефон, копија од „The Catcher in the Rye“ и глобус. И додека сопругот, кој го игра Бек Бенет, добива потпишана бејзбол-палка, вратоврска и лаптоп, Кристен добива наметка. Да, мајката добива наметка купена со 40 проценти попуст.
Децата и сопругот продолжуваат да се занимаваат со многуте подароци што ги добиле, а нивната мајка прави појадок, си ја гори раката и забележува дека не ни вреснала поради тоа, бидејќи „ја држи болката во себе“.