Италијанскиот фудбалски клуб Интер е ставен на продажба, пишуваат италијанските медиуми. Кинеската компанија „Сунинг“ на чело со семејството Жанг, планира да излезе од клубот во време кога трпат големи губитоци поради пандемијата со коронавирусот.
За девет месеци од минатата година, „Сунинг“ била во минус 153 милиони долари. Весникот „Кориера дело Спорт“ пишува дека преговорите за продажба на „нероаѕурите“ веќе се започнати со фирмата BC Partners, во соработка со еден инвестиционен фонд.
Потенцијалните купци го вреднуваат Интер меѓу 400 и 500 милиони евра. BC Partners е еден од најпознатите европски финансиски инвеститори, со трансакции од преку 300 милиони годишно.
Се занимава со оживување на компании во период од околу пет до седум години. Веруваат дека вредноста на Интер во тој период под нивно водство, би била двојно поголема. Членовите на Интер, се српскиот фудбалер Александар Коларов и помладиот голман Филип Станковиќ.