Саудискиот принц Мохамед Бин Саламан му понудил на американскиот рапер Канје Вест 10 милиони долари за да помине една ноќ со неговата сопруга, популарната ѕвезда Ким Кардашијан, пренесуваат медиумите.
Саудискиот министер за одбрана,ја дал контроверзната понуда за време на една конференција за печат. Понудата ја дал за да му помогне на Канје да ги реши финансиските проблеми.
Канје уште во февруари објави на „Твитер“ дека имал 53 милиони долари личен долг. Тој побарал помош од основачот на „Фејсбук“, Марк Цукенберг, од кого побарал милијарда долари за да може да продолжи да се занимава со музика.
Канје бил подготвен и да прифати пари од основачот на „Гугл“, Лери Пејџ, но и од други богати личности. Никој досега не му одговори на неговата молба, освен полицијата на Филаделфија, која му понудила работа како полициски службеник. Сепак платата била ограничена.
Од тогаш, само саудискиот принц се понудил да му помогне на познатиот музичар. Богатството на Саламан се проценува на повеќе од милијарда долари. Тој вели дека е подготвен да му плати на раперот 10 милиони долари за да помине една ноќ со неговата сопруга.
„Не ме интересира неговата музика и облека“, изјавил принцот пред новинарите, кој дополнил дека Ким е од непроценлива вредност.
„Попрво би платил 10 милиони долари да поминам една ноќ со неа“, изјавил принцот.
Досега ни Канје ни Ким Кардашијан не реагирале на ваквата понуда, која предизвика бурна реакција меѓу членовите на разни феминистички организации. Во интервју за CBC, портпаролката на Женската мрежа, Џејн Остин, ја нарекла оваа понуда навреда за жените ширум светот. Таа објаснила дека жените не треба да се третират како предмети во одредени делови на светот.
Од Националната организација за жени повикале на протест пред саудиската амбасада во Вашингтон.
Извор/Објектив.рс