Се разведува ексдиректорот на АЕК: Барбикава се оладила оти веќе не сум директор

Поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, објави дека се разведува од неговата сопруга, која ја нарекува „фотошоп барбика“, Агнеса Орданоска. Тој кажа дека разводот го бара неговата сопруга, а  причина е што тој не е повеќе директор, па со тоа  не е ни во можност да ѝ ги исполнува желбите. И сето ова тој го напиша во пост во кој ѝ го честита 17.  роденден на ќерката.

„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка ѝ, фотошоп барбиката Агнеса Орданоска, не е тука, на 17. роденден на нејзината првородена ќерка, има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да ѝ ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби. Се надевам ќе си најде соовентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене“, напиша Орданоски.

Орданоски и  Агнеса имаат две деца. Тој порано работеше на повеќе високи функции, како извршен директор за инженеринг во „Телеком“, директор на сектор за ИКТ во „Мепсо“, како и член на бордот на директори во „Мепсо“.

 

Scroll to Top