Откако ексдиректорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, вчера преку „Фејсбук“ објави дека се разведува од сопругата оти „се оладила од него откако веќе не е директор“, редакцијата на „Репортер“ ја контактираше Агнеса Орданоска. Таа ни кажа дека во моментов чека нејзините деца да си дојдат од Битола, каде што се со својот татко веќе неколку дена. Агнеса не крие дека е растревожена од тоа што ѝ се случува и вели дека во целата ситуација најголема жртва се децата, поради тоа што ќе читаат и слушаат невистини за својата мајка.
„Многу е лесно да се нападне жена која се грижи за себе, да ѝ се припишат разни афери, да се кажат лаги и невистини. Знам дека после ова многу луѓе ќе ми се ситат, ќе ме исмеваат, ќе велат дека сум заслужила, но и покрај тоа мене ми се најважни чувствата на моите деца и ќе направам сè за да ги заштитам“, ни кажа Агнеса.
Таа е лута што во јавноста почнале да се објавуваат и слики од нејзините деца. Вели дека сето ова е голема траума за нив, особено што нивниот татко ја наведи во објавата и ја нарече „фотошопирана барбика“.
„Навистина сметам дека брачните проблеми треба да се решаваат меѓу сопружниците, дома, а не на Фејсбук и со јавни навреди. Сето тоа го гледаат децата и ова се големи трауми за нив. Но, ако за нешто сум среќна во оваа непријатна ситуација, тоа е што многу жени, дури и жени кои не ги познавам, ми пишаа да ми дадат поддршка и застанаа на моја страна“, додаде Агнеса за „Репортер“.
За потсетување, Роберт Ордановски вчера на „Фејсбук“ напиша дека се разведува по 18 години брак и дека разводот го бара неговата сопруга, а причина е што тој не е повеќе директор, па со тоа не е ни во можност да ѝ ги исполнува желбите. Сето ова тој го напиша во пост во кој ѝ го честита 17. роденден на ќерката. Орданоски и Агнеса имаат две деца. Тој порано работеше на повеќе високи функции, како извршен директор за инженеринг во „Телеком“, директор на сектор за ИКТ во „Мепсо“, како и член на бордот на директори во „Мепсо“.
Се разведува ексдиректорот на АЕК: Барбикава се оладила оти веќе не сум директор