Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, преку „Фејсбук“ откри дека е позитивен на коронавирусот. Тој објави дека има благи симптоми и дека ќе остане во самоизолација до целосно оздравување.
„Другари и другарки, по првичните благи симптоми кои ги имав во петокот направив брз тест кој што беше негативен, но и покрај тоа направив ПЦР тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен. Бев максимално внимателен и ги почитував мерките од комисијата за заразни болести и Министерството за здравство. Но, вирусот не прашува, па и ова ќе помине. Чувајте се, почитувајте ги препораките и останете во добро здравје“, напиша Каевски.
Дарко, кој во моментов е пратеник во Собранието, претходно беше директор на Агенцијата за млади и спорт.