Глумецот и шоумен Игор Џамбазов во свој стил им даде поддршка на ракометарите, откако денеска го победија Чиле и се пласираа во втората фаза на СП во Египет. Денешниот натпревар внесе малку радост и кај ракометарите и кај јавноста, откако загубија во првите два натпревари. „Тепавме. Со Чиле нема Циле-Миле“, напиша Џабазов на „Инстаграм“.
„И уште ќе тепаме“, „Си тепавме лаганица“, „Циле Бузалевски Миле“, му коментираа фановите.
За потсетување, македонските ракометари победија во третиот натпревар од првото коло на Светското првенство. Тие со победата над Чиле се пласираа во втората фаза и ќе играат уште три натпревари, против селекциите на Белорусија, Словенија и Русија.
View this post on Instagram