Светски здравствени и технолошки групи работат заедно со цел да направат дигитален ковид пасош, со кој луѓето ќе можат да потврдат дека ја примиле вакцината против ковид 19, пишува српски Курир, повикувајќи се на „Фајненшел тајмс“.
Вакви пасоши, со кои би се потврдило дека секое лице е вакцинирано, веќе ги прават големите компании „Мајрософт“, „Оракл“, здравствената клиника „Мејо“ и „Комонс проџект“, со поддршка на Рокфелер фондацијата.
Здравствените групи и големите светски ИТ компании работат заедно на создавање на дигитален пасош за вакцинација, очекувајќи дека светските влади, авио-компаниите и другите претприемачи, ќе бараат доказ дека граѓаните кои сакаат да патуваат се вакцинирани против ковид 19.
Ваквата иницијатива која ја предводат компаниите „Мајкрософт“, „Оракл“ и непрофитната здравствена клиника „Мајо“, има за цел да воспостави стандарди, за да провери дали некое лице лажно тврди дека е заштитен од болеста.
Меѓународно прифатениот дигитален сертификат, преку кој патниците ќе можат да докажат дека имаат негативен тест на ковид 19, го користат три најголеми авиокомпании во светот.
Пол Мејер, извршниот директор на „Космос проџект“, изјавил дека потврдата која луѓето ја добивале дека се вакцинирани, била само на хартија, која потсетува на старите жолти картони.
„Коалицијата е во преговори со неколку влади на држави, за кои очекуваме дека нивните услови за влез во нивните земји ќе се развива во наредните неколку месеци, од обврзувачки негативен тест на ковид, до „хибрид“, односно прифаќање на доказ за вакцинација. Луѓето ќе можат да ги чуваат своите податоци во дигитален паричник или на хартиен QR-код, за да можат да контролираат со кого ги споделуваат“, изјавил Мејер и додал дека секоја држава ќе може да постави свои правила, за тоа и кои од вакцините ќе ги прифати.
Милан Лаиновиќ, потпретседателот на Управниот одбор на Асоцијацијата на туристички агенции на Србија Јута, за српски Курир изјавил дека во моментов нема официјални информации за таканаречените вакцинални пасоши.
„Владите во поедини држави, бараат негативен PCR тест за влез, а има и неофицијални најави дека поедини земји од Европската унија ќе бараат и потврда за вакцинација против корона, додека некои земји не бараат ни негативен тест. Секој граѓанин кој сака да се имунизира, за да се заштити себе си од болеста, а со тоа и се создадава психолошка безбедност, кога станува збор за патувањата.