Актерката Тања Кочовска денес полни 54 години. Роденденски објави видео, во кое од нигде никаде се затрчува, скока во водата со салто. Во заднина се слуша глас кој вели: „Лелеее, Тања…“ По ова, следуваа куп честитики, роденденски, но и поздрав за овој предизвик. Не може, а да не се забележи воодушевувањето во коментарите на нејзините пријатели. Куп коментари од типот: „Аууу, салто мортале“, „Жено, цар си, ко цунами си“, „Уште долго да прифаќаш вакви предизвици“.
Тања Кочовска, една од омилените актерки на јавноста, со години беше дел од Театарот за деца и младинци. Потоа замина во МНТ и игра во повеќето претстави. Таа е во брак со глумецот Предраг Павловски. Една од ретките што секогаш прави шега на своја сметка поради килограмите. Публиката ја гледаше неодамна и како Стојна, сопругата на Миле во „Преспав“.