За разлика од лани, кога полна куќа гости беа на слава кај Марко и Нора за Свети Јован, оваа година, поради панедмијата, беа само најблиските. Нора Шаќири-Марковиќ, поранешен новинар, објави фотографија и напиша: „Среќна и долговечна слава, мој Марк. Да нè собираш секоја година во поголем број, а јас секогаш ќе ја отворам вратата за сите добронамерни луѓе заедно со нашиот Ијан“.
Нора и Марко се во мешан брак, па интересно е кога раскажува како ги минуваат деновите за Велигден, Божик или Бајрам. Двојката го има синот Ијан. Лани за Свети Јован имаше полна куќа гости, а вниманието го привлече обвинителката Фатиме Фетаи, која со години се дружи со Нора.