Oбјавувањето на новиот филм за Џејмс Бонд е одложено по трет пат поради пандемијата на коронавирусот.
Филмот „Не е време за умирање“ (No Time To Die) веќе двапати беше откажан, а новиот датум е за светската премиера е закажан на 8 октомври, се вели во објавата на официјалната веб-страница на филмот.
Првично требаше да се појави на филмското платно во април 2020 година.
Филмот е 25-тото продолжение во франшизата на Бонд и го одбележува последното појавување на актерот Даниел Крег во улога на 007 агент.
Фановите чекаат нов филм за Џејмс Бонд уште од „Спектра“ од 2015 година, со што ова е една од најдолгите паузи меѓу два филма.
На почетокот на оваа недела, водечките режисери вклучувајќи ги Дени Бојл и Сер Стив Мартин повикаа на финансиска поддршка од владата на Велика Британија затоа што поради целата ситуација со пандемијата, кино салите во се на работ на егзистенција без никаков профит.