Се разведуваат Ештон Кaчер и Мила Кунис, пишуваат медиумите откако двојката реши да ја продава куќата

Иако Ештон Качер и Мила Кунис се во брак повеќе од пет години, тие се една од двојките за кои постојано се пишува во контекст на развод. Откако ја ставија на продажба заедничката куќа во Лос Анџелес, магазинот „Woman’s Day“ објави дека одлуката за тоа е доказ дека двојката се разведува. Нивни близок пријател изјавил дека ова е само првиот чекор во разводот вреден 315 милиони долари.

И покрај тоа што славните сопружници се појавија во шоуто „Tonight Show“ набрзо по овие наводи, и го промовираа  своето „карантинско вино“, пријателот на двојката тврди дека сè уште не се откажуваат од идејата за развод.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashton Kutcher (@aplusk)

Една од главните причини за разводот е пандемијата и последиците што произлегоа од неа.

„Тешко им беше да се навикнат на новите услови и затворањето во куќа со две деца. Поминаа низ многу, навистина многу. И не успеаја. Тие се расправаа буквално за сè – финансии, миење садови, начини на разговор со децата“, изјави тој .

Ештон и Мила заедно ги имаат  шестгодишниот Вајат и четиригодишниот  Димитри.

Scroll to Top