(Фото) Четири милиони лајкови за новата фризура на Џенифер Анистон

Актерката Џенифер Анистон откако се пофали со новата фризура, стана хит на „Инстаграм“. Таа се пофали со новиот имиџ и за кратко време доби 4 милиони лајкови.

Анистон направи мала промена на фризурата и се бојадиса со малку посветла нијанса. Многумина ѝ коментираа дека станала повторно русокоса.

Анистон, која за себе вели дека не се рекламира често, е една од омилените лица во Холивуд. Таа во 2019 година, кога се приклучи на „Инстаграм“, речиси ја сруши мрежата, со големиот број на фанови кои ги собра на својот профил.

 

Scroll to Top