(Галерија) Македонските актери се здружија во кампања против насилството врз жените

„Охрабри се не си сама“ е новата кампања против насилството врз жените, која ја организираат 23 актери од Македонија. Васил Зафирчев, Ѕвездана Ангеловска, Александар Михајловски се само дел од оние што напишаа испиративни пораки за да им дадат поддршка на сите жени кои се жртви на насилство – семејно, сексуално, психичко или физичко малтретирање.

Оваа иницијатива на актерите доаѓа во време кога повторно се активираше случајот со „Јавна соба“, а во Србија неколку актерки јавно кажаа дека биле силувани од нивниот професор по глума.

„Има работи за кои веќе не смее да се молчи. Сметам дека сега е време да бидеме гласни и да ја дадеме нашата поддршка кајшто е најпотребна. Овие приказни што ги слушаме и гледаме периодов никого не остави рамнодушен. Тие треба да застанат тука, доста е“, рече актерката Драгана Левенска за „Репортер“ и додава дека сите пораки во два дена ќе бидат објавени на инстаграм-профилот на Бомбакис.

Во иницијативата се вклучени и актерите Драгана Костадиновска, Јаков Спасов, Сара Климовска, Славиша Кајевски, Симона Спировска, Столе Мицов, Сузана Акбелге, Џенап Самет и други.

„Секоја жртва треба да биде заштитена. Секоја жртва треба да биде ислушана. Да не судиме, да бидеме нечија поддршка. Да не дозволуваме повеќе манипулацијата да владее. Да не се всадува стравот во нас. Никој нема право да биде малтретиран. Стоп за насилство! #охрабрисенесисама“, се дел од пораките што ги испратија актерите.

А. Јовановска

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bombakis (@bombakis)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bombakis (@bombakis)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bombakis (@bombakis)

Scroll to Top