(Фото) Антониo Милошоски со сите пет деца славеше роденден

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, наполни 45 години. Тој роденденот го прослави дома, со сопругата Симона и неговите пет деца, ќерките Дариа, Михаела, Илина и синовите Давид и Филип.

„Цело е кога има сè – роденденската желба ми е исполнета со насмевките на најсаканите“, напиша Милошоски и додаде дека родендненот го слави ден пред неговиот именден, Свети Антониј.

Пријателите, освем што му го честитаа роденденот, се пошегуваа дека треба побрзо да ги дувне свеќичките на тортата, оти децата делуваат нестрпливи, а едната ќерка почнала да јаде од шлагот.

Scroll to Top