Австралискиот глумец и режисер, 51-годишниот Сајмон Бејкер, кој светската слава ја заработи со улогата на Патрик Џејн во серијата „Менталист“, деновиве е во центарот на вниманието поради разводот од сопругата Ребека Риг. Бејкер и Риг беа 29 години во брак.
Сега во јавноста излегоа шпекулации дека Бејкер наводно се разведува од Риг затоа што ја затекнал како го изневерува во кревет со друг. Наводно, меѓу нив веќе некое време односите биле нарушени. На пријателите веќе некое време им се жалеле дека бракот им станал монотон и дека и двајцата сакаат промени и да се обидат со некој друг партнер или партнерка.
Сопругата наводно уште пред разводот веќе излегувала со друг, а за кого се шпекулира дека Бејкер ја уловил во кревет.
„Да, веќе се зборува дека ја уловил во кревет со друг. Таа веќе подолго време е среќна со друг човек, а се надевам дека и тој ќе пронајде нова љубов затоа што е супер лик“, стои во еден од коментарите на неговите пријатели на профилот на глумецот на „Инстаграм“.
Двојката има три деца – Стела (27), Клод (22) и три години помладиот Хари. Интересно е што на Клод и Хари кумовите им се познатите глумици Никол Вотс и Никол Кидман.