Карневалот во Рио одложен на неодредено време

Карневалот во Рио де Жанеиро нема да се одржи ни во јули, објави градоначалникот. Бразил се соочува со силен втор бран на коронавирусот, а владата е под притисок поради поради бавното снабдување со вакцини.

„За мене, нема смисла, од денешна гледна точка, да го одржиме карневалот во јули. Сакам да ве информирам дека нема да имаме карневал во средината на 2021“, напиша тој.

Градоначалникот Едуардо Паес објави на „Твитер“ дека е свесен за економските и за културните придобивки што на градот му ги носи најпознатата светска забава, која традиционално се одржува во февруари, но ќе биде невозможно таа да се одржи, дури и во средина на 2021.

Карневалот во Рио лани привлекол 2,1 милиона луѓе донесувајќи приход од 725 милиони долари. Ова е негово прво одложување од 1912 година.

Scroll to Top