Запленети 50 милиони евра во биткоини, измамникот е во затвор и никој не може да ја открие шифрата за пристап до парите

Германски обвинители заплениле биткоини во вредност од 50 милиони евра, но не можат да ја откријат шифрата за пристап и да дојдат до парите, затоа што изманикот, кој е сега и осуден, не сакал да им ја каже лозинката.

Обвинителот во баварскиот град Кемптен, Себастијан Мурер потврдил дека случајот со човекот кој е осуден поради измамата, за време на целиот негов престој во затвор, не сакал да има ја открие шифрата за пристап до парите, која полицијата непрекинато се обидува да ја разбие.

Во овој момент полицијата не може да добие пристап до сумата од 1700 биткоини.

„Го прашавме, но не сакаше да ни ја каже. Можеби и не ја знае“, изјавил обвинителот за „Ројтерс“.

Измамникот е осуден на повеќе од две години затвор, поради тајното инсталирање на софтвер на друг компјутер, кој го користел за производство на биткоини.

Биткоинот се чува во софтвер познат како дигитален часовник, кој е осигуран со шифрување. Лозинката се користи како клуч за дешифрирање, отворање на новчаникот и пристап до биткоините. Кога лозинката ќе се изгуби, корисникот не може да го отвори новчаникот.

Кога измамникот бил ставен зад решетки, неговата залиха на биткоини вредела колку сегашната вредност на оваа криптовалута. Цената на биткоинот пораснала во текот на изминатите години, достигнувајќи рекордни 42.000 долари во јануари, но властите сепак се осигурале измамникот да не може да има пристап на овие пари, наведува агенцијата „Ројтерс“.

 

Scroll to Top