Со вчерашната победа на Џенова против тимот на Наполи, во италијанското фудбалско првенство, капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, стана највозрасниот фудбалер во најсилните европски лиги, кои забележале две асистенции и два погодоци во сезоната 2020 и 2021.
Пандев синоќа со два гола беше творец во победата (2:1) на Џенова над Наполи. Головите против својот поранешен клуб тој не сакаше да ги прослави.
„Поминав три прекрасни години во Неапол. Тие се одличен тим, но имаа многу повреди и позитивни на коронавирус. Уверен сум дека тие ќе се вратат во колосек оваа сезона“, изјави Пандев по мечот.
Тој рече дека не е знае дали ќа ја заврши кариерата по Европското првенство и покрај најавите за такво нешто, пишува „Фудбал Италија“.