Тренерот на Џенова, Дивде Балардини, јавно се пошегува со најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, велејќи дека ќе го истепа ако на крајот од сезоната реши да се пензионира.
„Со Горан планираме да ни оди добро до крајот на сезоната, а потоа ако реши да се пензионира, ќе го тепам, нема да кажам никому, ама ќе го тепам. Тој се плаши од мене“, прокоментира тренерот на Џенова со насмевка на лицето.
Со последните два гола против тимот на Наполи, Пандев ѝ донесе голема победа и три бода на Џенова, во трката за опстанок во италијанската лига.
Пандев најави дека има намера да ја заврши кариерата по Европското првенство, но остави и можност да игра уште една сезона.