(Фото) По 50 години на Месечината најдено топче за голф, еден од астронаутите лажел дека го изгубил

На шести февруари 1971 година командир на мисијата „Аполо 14“, пред да се врати на Земјата со својот екипаж, играл голф на површината на Месечината. Тој удрил две топчиња од кои на едното целосно му се изгубила трагата.

Тој вели дека топчето летало со милји и дека било изгубено засекогаш во вселената.

Но, графичките специјалисти подоцна преку обработка на видеата и фотографиите од Месечината утврдиле дека астронаутот лажел. Еден од нив, Енди Сандерс, успеал да ги скенира кадрите од снимката која била со лош квалитет, во висока резолуција.

Енди вели дека топчето кое го удрил астронаутот не летало повеќе од 40 метри од местото каде што слетале членовите на мисијата.

 

 

 

Scroll to Top