Александар Белов славеше роденден: домашна забава со сопругата Јелена

Пејачот Александар Белов наполни 34 години. Роденденот го прослави во Крагуевац, каде што живее веќе неколку години, сам со сопругата Јелена. Вели, иако останале дома поради короната, си поминале убави моменти и прославиле со торта и со омилената музика. Ни откри и дека в година, за 35. роденден, сака да направи голема журка, па да надомести и за овој роденден.

„Овој пат замислив скромна желба – што побргу да заврши ова лудило, а ние повторно да живееме и да пееме нормално“, рече Александар за „Репортер“.

Откако почна пандемијата на коронавирусот, Александар долго време немаше настапи. Во тој период најде музичари и го формира „Белов бенд“. Тие сега спремаат нови песни и очекуваат да почнат со свирки што побргу.

Scroll to Top