„Ова не е вирус, туку отров“: Емина Јаховиќ се бори со короната

Пејачката Емина Јаховиќ веќе некое време се бори со короната. Таа се заразила од синот Јаман, кој бил на скијање, а потоа вирусот им го пренел на мајка си и на брат му, пишуваат турските медиуми. Сега Емина на „Инстаграм“ се покажли дека ги изгубила сетилата за вкус и мирис и ги предупреди тие што досега не се заразиле да внимаваат уште повеќе.

„Никогаш не размислував за тоа колку се важни сетилата за мирис и вкус. И колку сме среќни само затоа што сме здрави. Не мислам дека ова е вирус, туку отров. Ова е целосно лудило. Болеста не е лесна воопшто, затоа, ве молам, разберете го сериозно колку што можете повеќе. Секој што имал корона точно знае за што зборувам. Луѓе, само бидете здрави“, напиша Емина.

Пејачката го поминува вирусот со посилни симптоми, а близок пријател до семејството изјавил дека нејзините деца се со поблаги симптоми и дека се чувствуваат добро.

„Нема сериозни симптоми, само блага температура, што успешно ја држи под контрола. Лекарите ѝ препишаа терапија, а нејзините синови се чувствуваат добро засега. Знам дека се силни и дека ќе го надминат и ова“, рекол извор близок на пејачката за „Блиц“.

Scroll to Top