Таткото на славната американска раперка Ники Минаж, Роберт Марај загина во сообраќајна несреќа, откако во него удрило возило додека се шетал низ Њујорк.
Несреќата се случила во петокот вечерта, а очевидци сведочат дека возачот избегал од местото на настанот.
Роберт веднаш бил пренесен во локалната болница во многу лоша состојба состојба. Лекарите велат дека не можеле да сторат ништо и дека тој им подлегнал на повредите.
Ники Минаж засега се нема огласено по овој настан, а тажната вест за јавноста ја потврди нејзиниот потпарол.