(Фото) Ноне во свила со љубовта во кревет среќна за Валентајн

Поранешната пејачка Ноне Неделковска го облече кучето во црни свилени пижами исти како нејзините и сликата ја објави на „Инстаграм“. Легната во кревет, со кучето покрај неа, Ноне се пофали дека има „иста облека со нејзината љубов“. И додека едни на шега ѝ коментираа дека е во кревет со дечкото, други ѝ честитаа Валентајн, а трети се фатија за тетоважата оти била секси и необична.

Иако не пее одамна, Ноне сè уште го привлекува вниманието на јавноста, и со љубовните врски, и кога е на бродот каде што работи долги години. Таа пред неколку месеци се врати во Македонија заради пандемијата, а времето го поминува со семејството и пријателите во Велес. Тука слевеше и роденден и се пофали дека после многу години конечно е дома со мајка ѝ за роденденот.

Scroll to Top