Амал Клуни му го забранила алкохолот на Џорџ и му наредила дека мора да остане трезен. Ова го пишува таблоидот National Enquirer, кој открива дека адвокатката е загрижена за здравјето на својот сопруг.
На Клуни минатата година му беше дијагностициран панкреатитис, воспаление на панкреасот, кое често знае да има смртен исход кај пациентите.
Извор близок до двојката открива дека славната двојка често се расправала за неговите навики и за желбата да испие повеќе чашки од потребното.
„Откако Џорџ беше хоспитализиран минатата година во декември, Амал го исфрли целиот алкохол од куќата. Нејзината желба е тој да биде способен да се грижи самиот за себе за да може потоа да се грижи и за семејството“, открива изворот.
За потсетување, на Џорџ му беше дијагностициран панкреатитис по намалувањето на килограмите за потребите на неговиот последен филм Midnight Sky.
„Луѓето предвидуваат дека Џорџ со овој филм може да биде номиниран за ‘Оскар’, а Амал сака да се осигури тој да изгледа најдобро и да испрати порака до Холивуд дека се вратил подобар од кога било претходно“, вели изворот, кој додал дека Клуни се чувствува добро и изгледа одлично.