Неодамна познатата пејачка Јулија откри дека ќерка ѝ Андријана се бори со ракот. Полна со оптимизам, таа објави дека колку и да ѝ е голама болката, верува и знае дека Андријана ќе ја победи болеста. Сега на својот фејсбук-порофил, по шест месеци и последната осма хемотерапија, Андријана објави фотографии од Клиниката за онкологија.
„Поминаа 6 месеци, на почетокот тешки, болни, уморни денови, кои мислев дека нема да имаат крај. Од инвалидска количка кога влегов на Онкологија, денес излегов на нозе. Среќна и благодарна. Денес е 16 февруари, на 16 септември ја примив првата хемотерапија бидејќи ми беше роденден. Да, нема случајности. Господ е голем. Цело ова време бев во божји раце. Сега, за извесен период, следуваат нови испитувања, терапии за побрзо закрепнување, за подигање на имунитетот, чистење на организмот, за долго здравје“, вели Андријана, ќерката на Јулија. Таа им се заблагодари на сите што цело ова време беа со неа и ѝ ја даваа најголемата поддршка.
Dojde denot za poslednata 8ma hemo terapija 😊 pominaa 6 meseci, na pocetokot teski, bolni, umorni denovi koi mislev deka…
Posted by Andrijana Maciev on Tuesday, February 16, 2021