Пејачката Тања Савиќ замина во Австралија за да си ги врати своите два сина Максим и Ѓорѓе. Таа остана без своите деца веќе подолго од една година откога нејзиниот сопруг Душан ги изнесе од земјата без нејзино знаење и одобрение.
Пејачката сега отпатува со својот адвокат и вели дека ќе стори сè што е законски за повторно да биде со своите најмили.
„Се надевам на најдоброто. Верувам во Господ и во правдата“, изјавила таа за медиумите.
Нејзината агонија трае веќе подолго од една година. Савиќ се надева дека судот во Австралија ќе пресуди во нејзина корист. Вели дека со месеци се подготвувала за сослушувањето и барала докази со кои ќе може да се соочи со Душан пред судот.
„Тања разговараше со адвокат во врска со сите детали. Собра пари за Австралија и направи сè што можеше за повторно да биде со своите синови. Периодот беше тежок за неа. Постојано плачеше. Семејството беше со неа цело време. Тие направија сè што е во нивна моќ да ѝ помогнат да замине за Австралија“, открива извор близок до пејачката за „Блиц.рс“.