Принцезата Латифа ал-Мактум тврди дека татко ѝ учествувал и во киднапирањето на постарата сестра Шемс уште пред 20 години. Латифа го сврте вниманието на јавноста со објавените видеоснимки, во кои таа тврди дека била држена како заложник во палатата на татка си, шеикот Мохамед бин Рашид ал-Мактум.
Таа е таму уште од 2018 година, а во тој период успеала да сними неколку видеопораки и да објасни како таа и сестра ѝ биле измачувани. Потоа успеала видеата да ги проследи до британската полиција и до медиумите. Латифа апелира до полицијата да го истражи и киднапирањето на сестра си. Последен пат Шемс била видена во улицата Кембриџ во центарот на Лондон.
View this post on Instagram
Латифа тврди дека принцезата Шемс, која денес има 39 години, исто така е киднапирана по налог на татко им, владетелот на Дубаи. За потсетување, минатата недела Би-би-си го сподели видеото што го снимила Латифа. Таа тајно се снимила во една од бањите во палатата.
Таа се снимила со телефон и објаснила дека се плаши за својот живот и дека веројатно ќе биде затворена тука до крајот на животот и дека повеќе никогаш нема да ја види светлината на денот.
По оваа снимка, Обединетите нации побараа од Обединетите Арапски Емирати доказ дека принцезата е жива. Латифа во писмото испратено до полицијата ги замолила британските власти да направат нешто во врска со киднапирањето на сестра ѝ.
Писмото таа го напишала во февруари 2018 година пред да успее да побегне од татка си.
„Ве молам да го насочите вниманието на нејзиниот случај затоа што тоа би можело да резултира со нејзино ослободување. Вашето внимание би моежло да ја ослободи. Таа многу ја сака Англија, нејзините најубави спомени се поврзани со оваа земја“, пишува во писмото, во кое таа ја опишува страшната судбина на сестра си.
„Ја држат во изолација. Не се знае датумот на нејзиното ослободување, судење или обвинение. Ја мачат со камшикување по нозете“, додала Латифа.
Британската полиција првата истрага за киднапирањето на Шенси ја поведе во 2001 година, но набргу потоа престанаа да истражуваат кога им било забрането да одат во Дубаи. Истрагата повторно била поведена во 2018 година.
View this post on Instagram
„Се работи за многу комплексно и сериозно прашање и постојат детали во случајот за кои би било несоодветно да се дискутира во јавноста“, изјавиле за Би-би-си од полицијата. Властите од Дубаи не испратиле никакви одговори.
Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, изјавил дека снимките од принцезата Латифа се длабоко загрижувачки, како и дека Велика Британија многу внимателно го следи ова прашање.